Поврзете се со нас

Англија

Линекер: Најслабите репрезентации треба да играат квалификации пред квалификации

Објавено

на

Англиската фудбалска легенда Гери Линекер отвори дебата за квалитетот на квалификациските натпревари, тврдејќи дека дел од најслабите репрезентации треба да играат само претквалификации.

Англија го победи Сан Марино рутински со 5:0, а брзото водство со три гола на почетокот на средбата влијаеше Линекер да испрати порака преку социјалните мрежи.

– Ова е толку лесно за Англија што е навистина бесмислено.

– Најслабо рангираните селекции мора да играат квалификации пред квалификации, па само дел од нив да влезат во главната фаза.

– Со актуелниот формат, овие натпревари и целите квалификации се апсурдни, – напишал Линекер на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни