Поврзете се со нас

Свет

Лихтштајнер со видео порака до фановите го објави своето пензионирање (Видео)

Објавено

на

Штефан Лихтштајнер реши да ја заврши фудбалската кариера на 36-годишна возраст, а информацијата ја објави со видео порака.

Поранешниот швајцарски репрезентативец го потврди својот потенцијал во Лацио, по што направи трансфер во Јувентус, каде освои седум титули по ред и два пати стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Лихтштајнер првично планираше да се пензионира по Европското првенство, но откако тоа беше одложено за 2021 година, десниот бек решил да не ја развлекува одлуката и да се прости од фудбалот ова лето.

Зад себа има дури 108 настапи за националниот тим со кој играше и на најважните натпреварувања, меѓу кои и последното СП на кое Швајцарија стигна до осминафиналето.

Покрај за Лацио и Јувентус, Лихтштајнер има настапи и за Лил, Арсенал и Аугзбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни