Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер ќе стартува последен во Русија поради надградба на погонската единица

Објавено

на

Шарл Леклер ќе стартува од последната позиција на Формула 1 трката за Голема награда на Русија и тоа поради надградбата на погонската единица на која се реши неговиот тим Ферари.

Болидот на Леклер ќе добие погонска единица со надградба на хибридниот систем, а Ферари го повлекува овој потег за да му обезбеди подобри перформанси на својот возач.

Леклер веќе го потроши дозволениот број промени во оваа категорија, па казната е автоматска и ќе биде реализирана на трката во Сочи.

Ферари информираше дека болидот на Карлос Саинц ќе ја добие надградбата подоцна во текот на сезоната, откако таква потреба ќе покаже евалуацијата за вистински компромис меѓу конкурентноста на болидот и потенцијалната казна.

Погонската единица која ќе ја добие Леклер е подготвувана за следната сезона, па инженерите на Ферари ќе имаат можност да се соочат со нејзините перформанси уште оваа година. Проценките се дека Леклер ќе располага со најмалку 10 дополнителни коњски сили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни