Поврзете се со нас

Германија

Легендарниот Ван Бомел презема клуб од Бундеслигата

Објавено

на

Поранешниот легендарен холандски фудбалер, Марк ван Бомел е нов тренер на германскиот гигант, Волфсбург.

44 годишниот стратег потпиша двегодишен договор со „волците“ и на клупата ќе го наследи Оливер Гласнер кој го презеде кормилото на Ајнтрахт Франкфург.

Некогашниот играч на Барселона, Баерн Минхен и ПСВ досега во тренерската кариера го водеше само тимот на ПСВ во кој не оствари некои позначајни резултати, а како асистент работеше во репрезентациите на Австралија и Обединети Арапски Емирати.

Ван Бомел ќе добие прилика да се претстави на големата сцена затоа што Волфсбург следната сезона ќе игра и во Лигата на шампионите откако во сезоната што измина клубот заврши на четвртата позиција на табелата во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни