Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот тренер си договори нов ангажман: Вујовиќ се враќа во хрватскиот ракомет

Објавено

на

Веселин Вујовиќ е добро познато име во светскиот ракомет и својата играчка и тренерска кариера ја изгради на Балканот, па најновата авантура ќе значи негово враќање во хрватскиот ракомет.

Како што јавуваат најугледните медиуми од Хрватска, Вујо решил да стави крај на паузата и да се врати во тренерските води, сето тоа откако му бил презентиран проект кој посебно го возбудува.

Вујовиќ ги договорил сите услови со водечките луѓе на Нексе и во наредните неколку дена ќе го преземе клубот од Нашице кој има за цел да ја прекине доминацијата на Динамо во хрватскиот ракомет.

Покрај неверојатната играчка кариера, Вујо се истакна на овие простори и како многу сакан тренер, бидејќи ги водеше селекциите на Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора, а беше шеф на стручниот штаб и на Вардар, Загреб и Копер.

Црногорецот својот последен ангажман го имаше во Иран и ја одведе таа селекција на Светското првенство, но поради политичката ситуација во земјата брзо реши да си замине.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни