Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров и Нант со второ реми во серија во Лига Европа

Објавено

на

Нант и Кире Лазаров не успеаја да ја совладаат Бенфика на домашен терен (33:33), забележувајќи го второто реми во серија во Лига Европа на ЕХФ.

Францускиот состав на полувреме имаше минимална негатива (16:17), на десетина минути до крајот делуваше сигурно со предност 31:28, но Бенфика се врати во натпреварот и не дозволи пораз во Нант.

Лазаров реализирал само еднаш од три обиди, а најефикасни биле шпанските крила Ривера со 11 и Балегер со 5 постигнати голови.

Кај Бенфика, Морено имал перфектен учинок со 6 голови од исто толку упатени удари кон голот на Нант.

Францускиот состав сега е на третото место во групата со 8 бодови, а пред него се Бенфика и ГОГ со бод повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни