Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров го израмни рекордот на Штербик, Нант загуби од Кјелце

Објавено

на

Нант не успеа да извлече позитивен резултат на дуелот со Кјелце од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони (24:25), но овој натпревар има посебно значење за македонскиот капитен и нов селектор, Кире Лазаров.

За Лазаров ова беше неверојатен 249 натпревар во Лигата на шампионите, со што го израмни рекордот на Арпад Штербик за најмногу настапи во најквалитетното европско натпреварување.

Кире ќе има можност да стане апсолутен рекордер веќе на следната средба, а Нант ќе има негатива од еден гол во пресрет на реваншот со фаворизираниот полски претставник.

Историската вечер за Лазаров беше надополнета и со фактот што тој со 5 голови беше еден од двајцата најефикасни ракометари на Нант, а покрај него ист ефект имаше и Пехмалбек.

Во редовите на Кјелце, Душебаев го заврши дуелот со 6 голови, а по 4 реализирале Кулеш и Фернандез Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни