Поврзете се со нас

Свет

Кузмановски го водеше Хановер до важна победа, Томовски немаше решение за Флензбург

Објавено

на

Филип Кузмановски го доби бундеслигашкото дерби во дуелот со Филип Миркуловски, а Мартин Томовски и неговиот тим Лудвигсхафен не можеа да избегнат пораз на тешкото гостување кај Флензбург.

Дуелот на македонските репрезентативци, односно Хановер и Вецлар, донесе минимална победа за Хановер (25:24), а Кузмановски имал добар настап со 6 постигнати голови, со што бил и најдобар стрелец на натпреварот.

Уште поважно, македонскиот бек со три голови во серија, од 21:22 му донесе предност на Хановер од 24:22, а тоа беше недостижно за Вецлар, во чии редови Миркуловски немал реализација од еден упатен удар.

Флензбург очекувано славеше против Лудвигсхафен со 35:29, а Томовски забележа шест одбрани со процент на успешност од 25% на оваа средба.

По денешните натпревари, Хановер конечно ја прекина негативната серија и се одлепи од дното, Вецлар има осум бодови повеќе, додека Лудвигсхафен и натаму е меѓу четирите екипи во опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни