Поврзете се со нас

Македонија

Куп на Македонија: Тиквеш и Еурофарм Пелистер се први патници на Ф4 турнирот

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер е вториот тим кој обезбеди место на Ф4 турнирот во македонскиот ракометен Куп, откако претходно тоа му појде од рака на Тиквеш кој беше најдобар во својата група.

Актуелниот македонски првак на хартија имаше најтешка група и денеска играше директен дуел со Охрид за пласман меѓу четирите најдобри, а гостите од Битола го совладаа домаќинот на турнирот со 25:32.

Првото полувреме беше доста израмнето и Охрид успеа да одговори на темпото кое го наметнаа битолчани, но и во такви услови, „зелено-белите“ заминаа со предност од 16:18 на паузата.

Во вториот дел, фаворитот додаде гас и брзо отидоа на плус четири, а потоа на средина на вториот дел заминаа на највисоки плус седум и стана јасно дека Пелистер е вториот патник во полуфиналето.

Претходно, Тиквеш во одлучувачкиот меч во својата група го победи Мулти Есенс со 32-28, а последните патници во Ф4 турнирот ќе ги дознаеме од дуелите Вардар – Голден Арт, односно Алкалоид – Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни