Поврзете се со нас

Шпанија

Куман за поразот на „Ел Класико“: Промашувањето на Дест беше клучно

Објавено

на

Барселона загуби од Реал Мадрид во „Ел Класико“ пресметката од шпанската Ла Лига, а тренерот Роналд Куман жали за големата шанса на неговиот тим во првото полувреме.

Дест имаше можност да реализира зицер, но ја испрати топката над голот на Куртоа, а подоцна казната стигна со голот на Алаба на спротивната страна.

Куман вели дека тоа бил клучниот момент на дербито.

– Не сум задоволен од резултатот, игравме одлично во првото полувреме.

– Ја имавме шансата на Дест, тоа беше клучниот момент, мораме да ги реализираме таквите ситуации. Знаевме дека ако примиме гол, ќе биде тешко да ја пробиеме нивната одбрана.

– Тешко е да извлече нешто позитивно од пораз на „Ел Класико“, но тоа веројатно е однесувањето на тимот и публиката. Мора да продолжиме напред, првенството е долго и за неколку дена веќе не очекува нов натпревар, – изјавил Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни