Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Куман: Не можете да барате да ја освоиме ЛШ, погледнете ги другите тимови

Објавено

на

Барселона утре ја очекува важен меч против Динамо Киев, меч на кој домаќините едноставно мора да победат ако сакаат да останат во игра за пласман во следната фаза на елитното натпреварувања.

Каталонците беа многу лоши против Баерн Минхен и Бенфика, дуели на кои не постигнаа ниту еден гол, па сега тоа мора драстично да се промени за да се дојде до целта во пресметката со украинскиот претставник кого двапати го совладаа во ланската кампања.

-Тие се подобри од минатата сезона. Јасно ни е што можеме да очекуваме. Нашата иднина во Лигата на шампионите е доведена во прашање. На овој натпревар ќе му пристапиме како и секој друг, ќе се обидеме да се подготвиме на најдобар можен начин. Го анализиравме ривалот, знаеме што не очекува. Мораме да победиме за да ја задржиме шансата за пласман во второто коло, свесни сме за тоа, -вели тренерот Роналд Куман кој воедно порача дека е нереално да се очекува Барса да тримфира во ЛШ.

-Можеме да се натпреваруваме. Ама не можете да барате да ја освоиме Лигата на шампионите со оглед на тоа какви се другите тимови. Другите многу напредуваа, ние не. Се случи промена, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни