Поврзете се со нас

Шпанија

Куман и фудбалерите ја загубиле довербата во лекарскиот тим на Барселона

Објавено

на

Барселона имаше многу проблеми во текот на преодниот рок, а не помина според посакуваното и во однос на резултатите постигнати на почетокот на сезоната.

Но, она што најмногу ги загрижува тренерот Роналд Куман, фудбалерите и фановите се честите повреди и погрешните прогнози дадени од лекарскиот тим кој работи со првиот тим на Каталонците.

Повредите на Педри, Мартин Брајтвајт и Жорди Алба од почетокот на сезоната и неизвесноста околу периодот на враќање на Ансу Фати наметнале дебата околу соодветноста на реакциите на лекарскиот тим, кој сега е во фокусот на клупско ниво.

Според шпанските медиуми, Куман уште од претходно барал промени во овој сегмент, алудирајќи на направените грешки, но чашата ја прелила повредата на Брајтвајт, за кого најавите се дека ќе паузира меѓу 3 и 4 месеци.

Тимот предводен од Рамон Канал првично проценил дека повредата на Брајтвајт не бара операција и дека треба само да мирува, за подоцна да излезе дека мора на итен оперативен зафат за побрза рехабилитација.

Фудбалерите исто така ја загубиле довербата во лекарскиот тим, па на пример Жерард Пике и Самуел Умтити при последните проблеми побарале мислење и од други специјалисти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни