Евролига
Кукоч: Обрадовиќ во НБА? Не знам дали Американците…
Тони Кукоч заедно со Дино Раѓа од првите редови го проследија дуелот на Партизан против Олимпијакос во Евролигата, меч кој „црно-белите“ го загубија и со тоа се ставија во многу тешка позиција за остварување на целта, пласман во плејин фазата.
Хрватите беа на најдобар начин пречекани во Белград, па Кукоч им се заблагодари на сите на добриот прием.
Како навивачите на Партизан го дочекаа Кукоч во Белград (ВИДЕО)
-Им благодарам за тоа. Секој пат сум бил срдечно пречекан во Белград. Атмосферата беше токму таква. Сите играчи имаат желба да играат добро во оваа атмосфера, но не може секогаш да се победи. Имав чувство дека Партизан ја контролира играта, водеа 13 поени и малку ме изненадија „ноншалантните“ додавања и загубени топки. Олимпијакос со агресивна одбрана го сврте натпреварот во своја полза. После тоа Партизан го загуби ритамот, -истакна Тони за „Спорт Клуб“.
Славниот ас беше запрашан за тоа дали Жељко Обрадовиќ би имал што да покаже во НБА лигата.
-Не се сомневам дека и таму би успеал. Ако го земете неговото кошаркарско знаење – сигурно би успеал. Ако го земете начинот на кој тој комуницира, не знам дали играчите во Америка би го истрпеле. Ама тоа е до нив, играчите денеска се малку разгалени, така ми се чини.Колку повеќе пари имаат толку помалку играат кошарка, -заклучи некогашниот член на Југопластика, Бенетон Тревизо, Чикаго Булс, Филаделфија Севентисиксерс, Атланта Хокс и Милвоки Бакс.
-
Шпанијапред 22 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
НБАпред 22 часа
Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)
-
Балканпред 15 часа
Барди: Во еден период бев подобар од Меси…
-
НБАпред 17 часа
Перкинс: Леброн никогаш повеќе нема да освои титула…
-
Шпанијапред 14 часа
Ѓулер стрелаше, Реал го освои Сан Себастијан (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 17 часа
Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ
-
Германијапред 16 часа
Баерн подготвува терен за новиот тренер: Ќе имаме одлука за една недела
-
Англијапред 18 часа
Клоп за најавениот наследник во Ливерпул: Се што слушам за него…