Поврзете се со нас

Балкан

Крузе „раскина“ со Фенербахче, Турците навредени од неговото однесување

Објавено

на

Поранешниот германски репрезентативец Макс Крузе решил да го напушти Фенербахче, но турскиот клуб најави дека ќе започне судски процес против фудбалерот.

Клубот од Истанбул потврди дека Крузе испратил допис со кој ја раскинува соработката на сопствена иницијатива, притоа барајќи преку Турската федерација да му бидат исплатени целосните плати за периодот кога првенството беше стопирано поради коронавирусот.

Од Фенербахче велат дека Крузе намерно не одговарал на повиците и пораките на одговорните за постигнување компромис околу финансиските побарувања за време на пандемијата, па затоа планираат да се обратат до судските инстанци и таму да бараат решение за конфликтот.

Турците напоменуваат дека немаат други долгови кон Крузе, сметајќи го периодот пред паузата.

Крузе имаше договор до 2022 година според кој заработувал 2,5 милиони евра годишно, а досега постигна 7 голови за Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни