Македонија
Крстајиќ ја предводеше Академија ФМП до голема победа над Работнички

Академија ФМП и Работнички одиграа натпревар од македонското кошаркарско првенство, во кој на крајот на победата и се радуваа домашните кошаркари (75:69), кои претходно успеаја да ги изненадат и Гостивар и Куманово кои исто така ја имаа улогата на фаворит во меѓусебниот дуел.
Првото коло во новата 2021 година беше отворено со интересен натпревар, во кој двете екипи имаа добри и лоши моменти, на ФМП му припадна првиот период, а гостите возвратија во вториот за 35:34 по првото полувреме со навистина малку поени.
Кошаркарите на Академија ФМП повторно направија позитивна серија, за предност која Работнички подоцна ја преполови и ја врати резултатската неизвесност, но не успеа да направи целосен пресврт.
Крстајиќ со 30 и Темелковски со 14 поени ги предводеа стрелците кај победничкиот тим, додека во редовите на Работнички најефикасни беа Балмазовиќ со 16 и Младеновски со 12 поени.
По ова коло, Академија ФМП има скор 5-3, додека Работнички има 5-2 со еден одигран натпревар помалку во македонскиот шампионат.

- Шпанијапред 24 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- АТПпред 18 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Англијапред 21 час
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне