Поврзете се со нас

Македонија

Костоски трагичар, Работнички преку драма до прва победа во шампионатот

Објавено

на

Тимот на Работнички конечно ја забележа првата победа во домашниот шампионат и тоа против составот на ТФТ Скопје кого по една драма го доби со 83-82.

Како што покажува самиот резултат средбата беше неизвесна до последен момент и лесно истата можеше да донесе нови дополнителни пет минути. Имено Костоски беше фаулиран на осум секунди до крајот и ако ги реализираше двата „пенали“ ќе го израмнеше резултатот, меѓутоа тој не го погоди второто слободно фрлање по што Крстевски дојде до ованзивен скок по што топката беше испратена одново до Костоски кој го промаши ударот за три поени.

Џексон со 34 поени беше предводник на центарци во првото лигашко славје во петтиот меч, додека кај поразените Андерсон и Мекбраер беа први стрелци со по 15 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни