Поврзете се со нас

Свет

Костески и Плзен продолжуват да „грмат“ во Чешка

Објавено

на

Плзен на нашиот интернационалец Никола Костески продолжува да ниже победи во првата лига на Чешка каде има перфектни „седум од седум“ по најновиот триумф над Страконице.

Фаворитот го најави триумфот во првиот дел во кој избори предност од четири разлика (18-14), но вистинската „експлозија“ дојде до паузата, вторите 30 минути кои беа реализирани со 22-10.

Костески даде два гола на оваа средба, најефикасен беше Режницки со седум погодоци.

Составот на Плзен со 14 бода е на врвот на табелата, поточно е единствен тим со максимален учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни