Поврзете се со нас

Шпанија

Коста на интересен начин го искоментира партнерството со Суарез: Едниот ќе…

Објавено

на

Луис Суарез уште на дебито за Атлетико Мадрид покажа дека ќе биде супер засилување за клубот од составот од шпанската престолнина.

Искусниот напаѓач ги одигра завршните 20 минути на средбата против Гранада, период во кој успеа да постигне два гола и да запише една асистенција и со тоа да влезе во историјата на Атлетико како прв играч кој дал погодок и асистирал на дебито за клубот во 21 век.

По дуелот на „Ванда Метрополитано“ свој коментар за новото засилување имаше Диего Коста кој воедно проговори за тоа како ќе изгледа соработката со Суарез.

-Ми се допаѓа Суарез. Се е добро, едниот од нас гризе, а другиот ќе удира. Не знам зошто Барса го пушти да си замине, тоа е нивна одлука. Тој има воинствен дух да освојува титули, се надеваме дека ќе можеме тоа да им го дадеме тоа на навивачите, -истакна Коста и додаде:

-Вистината е дека во сезоните каде освојувавме титули секогаш имавме одлични играчи како [Давид] Вилја, Адријан [Лопез] и Раул Гарсија. Тројца важни играчи излегоа и тројца влегоа кои можат да играат во било која екипа. Постои фер конкуренција. Треба да се натпреваруваш, -порача пргавиот напаѓач.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни