Поврзете се со нас

НБА

Кошаркар на Голден Стејт нема да може да игра на натпреварите на домашен терен

Објавено

на

НБА лигата го одби барањето на Ендрју Вигинс, да направи исклучок во однос на ковид-19 протоколите, па кошаркарот на Голден Стејт нема да може да игра на натпреварите на домашен терен.

Вигинс бараше за него да не важи задолжителното вакцинирање поради религиозни причини, но барањето не е прифатено.

Според сојузните закони во Калифорнија, сите лица над 12 години мора да бидат вакцинирани за да присуствуваат на масовни настани во затворен објект, нешто што се подразбира и за еден НБА натпревар.

Вигинс нема да може да игра во арената на Голден Стејт додека не ги исполни барањата на градските здравствени власти, а првиот натпревар на „воините“ е на 21. октомври.

– Не размислувам да примам вакцина наскоро, освен ако не бидам приморан на одреден начин, – изјави неодамна Вигинс, па сега ќе биде интересно да видиме дали за него ова ќе биде доволна причина да се имунизира.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни