Поврзете се со нас

Европски првенства

Короната го создаде и првиот посериозен проблем: Еден репрезентативец исклучен од ЕП поради позитивен тест

Објавено

на

Коронавирусот создава проблеми на репрезентациите учеснички на Европското првенство и покрај тоа што во овој момент работата со опасниот вирус кој го промени живеењето во светот полека стивнува.

Шпанија се уште се соочува со проблеми, но се уште не повикува дополнителни фудбалери затоа што се надева дека оние кои првично беа повикани од Луис Енрике ќе ги надминат проблемите.

Проблем имаше и Ангеловски кој до крај го чекаше Енис Барди кој беше позитивен на Ковид-19 и кој на крај за среќа излезе како победник, па ќе може да и помогне на Македонија уште на првиот натпревар на континенталниот собир.

Таква среќа немаше рускиот репрезентативец, Андреј Мостовој кој на еден ден пред натпреварот со Белгија испадна позитивен на коронавирусот. Селекторот на руската репрезентација, Станислав Черешов веднаш го повика Роман Евгењев кој ќе го замени фудбалерот на Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни