Поврзете се со нас

Италија

Конте пред тв аудиториумот му порача на Пандев: Не се пензионирај!

Објавено

на

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, повторно блесна во дресот на Џенова, откако постигна два гола за едно полувреме, кои беа доволни за бод на неговата екипа во пресметката со Беневенто.

По натпреварот, Пандев зборувал во живо пред телевизискиот аудиториум, па не пропуштил шанса да му честита на Антонио Конте за актуелната сезона и големите шанси да биде освоено скудетото.

– Се уште го следам Интер. Му честитам на тренерот и мислам дека ова е добра година да се освои скудетото, – изјавил Пандев кој стигна до бројката од 100 голови во Серија А.

Конте се заблагодарил, а истовремено имал и порака за струмичанецот.

– Не се пензионирај, се уште имаш што да му дадеш на фудбалот. Се додека тренинзите ти причинуваат задоволство, не е време да се повлечеш, – изјавил Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни