Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Колашинац промаши зицер за осминафинале на Марсеј, тренерот Тудор „пропадна“ крај аут линијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Олимпик Марсеј не успеа да оствари позитивен резултат на средбата со Тотенхем, односно поразот од 2-1 на „Велодром“ значеше крај на европската аватура за оваа сезона.

Меѓутоа можеше да биде многу поинаку затоа што при резултат 1-1 домаќините не реализираа чиста шанса во самиот финиш и тоа преку Сеад Колашинац. Дефанзивецот се најде во идеална можност во 87 минута, но неговиот удар наместо во мрежата заврши крај голот што донесе огромно разочарување кај домашните фанови како и кај тренерот Игор Тудор кој крај аут линијата не можеше да поверува што Колашинац промаши во таа ситуација.

На крајот стигна казната, па Марсеј остана и без место во ЛЕ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни