Поврзете се со нас

Англија

Клоп по поразот од Аталанта: Браво за нив, но јас не би ги променил моите одлуки

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул доживеа убедлив пораз на домашен терен од Аталанта, во натпревар на кој ништо не функционираше на начин на кој посакуваше менаџерот Јирген Клоп.

Замените во второто полувреме не донесоа промена на резултатот и италијанскиот клуб ќе има голема предност на реваншот од Лига Европа, но Клоп вели дека не жали за ниту една направена одлука и посебно за составот со кој го почна мечот.

– Одигравме лош натпревар и заслуживме да загубиме. Но, момците ќе ја имаат само оваа вечер да се чувствуваат лошо, од утре мораме да мислиме на следните предизвици.

– Браво за Аталанта, тие им прават проблеми на многу екипи, маркирањето човек на човек е незгодно кога не сте на најдоброто ниво, тие се бранеа одлично.

– Кога ќе загубите натпревар, се доведуваат во прашање и направените замени. Но, јас би повторил се исто како што направив, мора да правиме ротации, ако сакаме да играме добро до крајот на сезоната. Јас сум одговорен за резултатот, но не би ги променил одлуките, – рекол Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни