Поврзете се со нас

Свет

Клатенбург се откажа од работата во Египет поради притисокот од еден клуб

Објавено

на

Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург, поднел оставка на функцијата прв човек на судиската комисија во рамките на Фудбалската федерација на Египет.

Клатенбург ги предводеше судиите во африканската земја околу пет месеци, а поднел оставка по јавниот притисок направен од еден од најреномираните клубови.

Федерацијата потврди дека оставката на претседателот на судиската комисија е прифатена, без да објави повеќе детали за мотивите за потегот на Клатенбург.

Фудбалската јавност е убедена дека одлуката доаѓа поради јавните критики на негова сметка од страна на претседателот на Замалек, Мортада Мансур.

Замалек има своја телевизија и последните недели редовно биле испраќани критики за Клатенбург, за изминативе денови ситуацијата да кулминира со потешки зборови изговорени лично од Мансур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни