Поврзете се со нас

АТП

Ќиро Блажевиќ за случајот Ѓоковиќ: Австралија го малтретираше, но и Новак направи голема грешка

Објавено

на

Коментарите и реакциите за случајот „Ѓоковиќ“ нема да стивнат уште долго, а интересна изјава за одлуката на австралиските власти дал легендарниот хрватски фудбалски тренер, Мирослав Блажевиќ.

Гостувајќи на националната телевизија во својата земја, Блажевиќ ја критикувал Австралија поради начинот на кој се однесувала државата кон светскиот рекет број еден, но има замерки и за Србинот.

– Веројатно Ѓоковиќ во голем дел самиот е виновен за оваа ситуација, но работите можеа да се решат поелегантно.

– Не е нормално да го малтретираат, а го малтретираа. Не сакам привилегирани луѓе, но тие направија конфузија, еден може, друг не може да влезе. Австралија го потроши својот кредибилитет, – вели популарниот Ќиро.

– Јас го обожувам Ѓоковиќ, тој покажа и дека нема предрасуди кога го ангажираше нашиот Иванишевиќ за тренер. Жал ми е бидејќи си остави дамка на кариерата, не требаше да компромитира таква работа која влијае на спас на човештвото. Можеше да помогне ако кажеше дека ќе се вакцинира бидејќи има големо влијание на јавноста, – рекол Блажевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни