Поврзете се со нас

Италија

Кјелини: Погрешно е да се споредуваат Балотели и Кеан

Објавено

на

Џорџо Кјелини останува актуелен со својата автобиографска книга и напишаното во неа, а сега на ред дојде споредбата меѓу Марио Балотели и Моисе Кеан.

Првиот никогаш не настапуваше за Јувентус, додека Кеан мина низ младинската академија на „бјанконерите“, постигнуваше голови и за сениорскиот тим, за сезонава да настапува во Евертон.

Кјелини вели дека навивачите грешат кога ги споредуваат Балотели и Кеан, бидејќи не се работи за ист тип играчи.

– Единствената силна страна на Балотели е неговиот удар. Многумина го споредуваат со Кеан, момче кое можеби е бунтовно, но е далеку од карактерот на Марио.

– Секако дека често бил казнуван за време на настапите во младинската академија, но кога беше дел од сениорската екипа секогаш се однесуваше коректно и со респект кон соиграчите.

– Се случуваше да задоцни на тренинг бидејќи алармот не му ѕвонел, но тоа однесување може да се коригира без проблеми, – вели Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни