Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Федерер е како Џордан, но Ѓоковиќ е подобар

Објавено

на

Ник Кирјос е еден од активните тенисери кој секогаш предизвикува големо внимание во јавноста, а најчестите причини за тоа се неговото однесување на теренот, неговите ставови, коментари што му носи популарност.

Тој секогаш е подготвен за разговор на сите теми, особено ако е од светот на тенисот каде го стави Рожер Федерер на исто ниво, ранг како легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

-Федерер е сличен на Џордан, ама Ѓоковиќ статистички е подобар играч. Не би имаше никакви шанси (Џон Мекинро и Пит Сампрас) поранешните играчи во оваа ера. Би биле уништени. Од друга страна, верувам дека Мајкл Џордан би бил најдобар во денешната ера на кошарката, истакна Ник во подкастот на Пол Логан.

Воедно асот од Австралија смета дека најпопуларен тенисер во моментов заедно со ветераните Надал и Ѓоковиќ.

-Во денешниот тенис се говори само за три имиња на социјалните мрежи: Ѓоковиќ, Надал и Кирјос. Нема четврти. -порача во свој стил Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни