Поврзете се со нас

Свет

Кими Раиконен доби нов ангажман само еден месец по пензионирањето од Формула 1

Објавено

на

Финскиот автомобилист и светски првак во Формула 1 за 2007 година, Кими Раиконен, објави крај на возачката кариера со настапот на Големата награда на Абу Даби во декември 2021 година која беше негов 349 старт во тие трки.

За време на две децениската кариера на врвно ниво, тој забележа и подеми и падови, па дури беше отпуштен од Ферари за да се ослободи место за ангажман на Фернандо Алонсо во 2010 година. Во тој период, Раиконен се испроба како рели возач, а имаше настапи и на трките во НАСКАР.

Новото поглавје од неговиот живот започнува со нов ангажман, а за големо изненадување – тој е именуван за тимски шеф на фабричкиот тим на Кавасаки кој ќе се натпреварува во светското првенство во мотокрос. Досега Финецот не криел дека вози мотокрос заради личен тренинг, па дури имаше основано и сопствен тим со амбиции да се вози на светското првенство во 2011 година.

– Не е тајна дека една од моите најголеми страсти во животот е токму мотокросот. Но, овој пат не може да се нарече хоби. Ова е мошне сериозен тим, мошне фокусиран и се надеваме на најдоброто што можеме да го направиме. Бидејќи немам други обврски ќе можам да посветам повеќе време на овој проект, но мојот ангажман не е околу дневние проблеми, туку од стратешка гледна точка да се искористи моето искуство во функционирањето на тимот и во тоа што треба да го креира успехот на светската сцена,- гласи изјавата на Раиконен.

Негов помошник ќе биде долгогодишниот соработник Анти Пирхонен, кој претходно настапувал во светското првенство за мотокрос, а лани бил прв човек на екипата Ред Бул Хускварна.

– Среќни сме што Кавасаки не избра нас како фабричка екипа. Знам дека шансите за успех се поголеми кога имаш директна поддршка од фабриката. Ова е одлична можност за нас да се натпреваруваме како официјален тим на Кавасаки во светското првенство,- вели Пирхонен.

Шампионот од 2015 година, Роман Фебре, заедно со Британецот Бен Вотсон ќе ја сочинуваат возачката двојка која треба да донесе успех под раководство на Кими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни