Поврзете се со нас

Англија

Кавани дебитираше, Манчестер Јунајтед со најлош старт на „Олд Трафорд“ од 1972 година (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Челси одиграа 0:0 на денешното дождливо дерби во Премиер лигата, на кое фановите не видоа погодок, а ќе биде запаметено и по дебито на Единсон Кавани.

Уругваецот доби шанса во вториот дел, уште при првиот контакт имаше добра шанса, но биеше за малку покрај голот на Менди.

Јунајтед и Челси не искористија неколку шанси на двете страни, но позадоволни можат да бидат гостите кои освоија бод на тешкото гостување и тоа без да примат погодок на втор натпревар по ред.

Ова е трето реми за Јунајтед на домашен терен од почетокот на сезоната, што е најлош старт за екипата од „Олд Трафорд“ уште од сезоната 1972/73.

Со таков ефект, Јунајтед досега освои само 7 бодови на 5 натпревари и е при дното на табелата во Премиер лигата. Многу подобар не е ниту Челси, кој има два бода повеќе со еден одигран натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни