Поврзете се со нас

Англија

Карагер го „поздрави“ Фердинанд: Тој е кловн (ВИДЕО)

Објавено

на

Џејми Карагер по завршувањето на кариерата се одлучи да работи како стручен коментатор, аналитичар, а како таков знае да се закачи со некои негови колеги кои се во стидиото, но и со оние кои се активни во други медиуми, но ја работата истата работа како него.

На вчерашното миланско дерби меѓу Милан и Интер имаше еден спорен момент во првиот дел, ситуација при која судијата Хезус Хил Манзано покажа на белата точка по дуелот кој го имаа Кјаер и Мартинез за да по консултација со ВАР и прегледување на снимката донесе друга одлука.


Со истата се согласи Карагер кој воедно ги нарече кловнови сите оние кои по снимката сметаат дека требало да биде досуден удар од 11 метри.

-Мислам дека секој што ја гледа снимката и што ВАР прави и понатаму верува дека е пенал, тие мора да се кловнови, -рече Џејми на кого му беше кажано дека Стивен Џерард има такво мислење.

-Тој беше офанзивен играч, нели? Паѓаше по малку контакт, секогаш контакт, не глума. Разбирам од каде доаѓа. Се работи за играчите од мојата позиција кои се дефанзивци, англиски одбранбени играчи кои го коментираа натпреварот. Можам да разберам зошто напаѓачите сметаат дека е пенал, ако ти тоа го правиш (му се обраќа на Анри) Стивен беше офанзивен играч.

-Можеби почувствува дека има малку контакт. Но како дефанзивци треба да се држиме заедно нели, јас мислан дека луѓето малку се занесоа. Рио Фердинанд. Среќен сум што го нареков кловн, -порача Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни