Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карабатиќ: Очекувавме жестока битка, во финалето мора да одиграме на повисоко ниво

Објавено

на

За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски

Лука Карабатиќ е важен дел од ПСЖ кој првпат обезбеди финале на фајнл-фор турнирите и утре ќе има можност да се бори за првата европска титула, а по триумфот над Веспрем имаше свои размислувања за пресметката во Келн.

– Ова беше вистинска борба цели 60 минути, но ние очекувавме такво нешто. Знаевме дека треба да одиграме добро во одбрана и мислам дека денеска успеавме во тоа, му помагавме на голманот, а исто така одлично ги одигравме и последните напади кои беа решавачки.

– Не знам кој ќе ни биде противник во финалето, но и двата тима ќе бидат сериозни ривали. Вардар сезонава покажа дека заслужува да биде тука, многу се опасни. Од друга страна, Барселона поседува многу искуство иако минатата година не беше овде. Сепак имаат многу учества и трофеи и треба да бидеме на 110 проценти ако сакаме да ги победиме, – потенцираше Карабатиќ по натпреварот во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни