Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски најави офанзива, засилувањето на Реал ги предводи Французите во Ле Ман

Објавено

на

Македонската У-21 фудбалска репрезентација денеска има тешко гостување во Франција, а во Ле Ман селекторот Драган Канатларовски ќе се обиде да искомбинира состав со кој нашите младинци ќе можат да се борат за позитивен резултат во квалификациите за ЕП.

Новиот селектор се одлучи да започне со Енис Фазлагиќ како капитен, на голот е Денковски, а во офанзивното трио Илиевски, Чолаковски и Воша.

Французите се предводени од последното засилување на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, кој очекувано е во стартната постава на фаворитот.

Во првиот тим се и Калулу од Милан, Салиба од Олимпик Марсеј, како и голманот на Лидс, Мелие. Нападот на Франција е составен од домашното трио Мбуку (Ремс), Шо (Анжер) и Гуири (Ница).

Македонија: Денковски, Антовски, Божиновски, Ѓурковски, Јанкулов, Гроздановски, Фазлагиќ, Елези, Илиевски, Чолаковски, Воша

Франција: Мелие, Калулу, Салиба, Бадиашиј, Бар, Какере, Камавинга, Диоп, Мбуку, Шо, Гуири.

Натпреварот започнува во 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни