Поврзете се со нас

Германија

Кан: Тухел е последната личност за која треба да разговараме…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен влезе во турбулентен период откако реши да се раздели со тренерот Јулијан Нагелсман, односно неговата смена и назначувањето на Томас Тухел се покажа како голема грешка ако се погледнат резултатите кои говорат дека екипата доживеа елиминации од Лигата на шампионите и Купот на Германија, а во Бундеслигата е зад Борусија Дортмунд што значи дека и тука постои реална можност да остане без пехарот кој долго време е во нивните витрини.

Последното разочарување беше средбата со Мајнц на која „баварците“ водеа во првиот дел, но откако противникот израмни во второто полувреме се распаднаа и домаќинот избори триумф од 3-1.

Извршниот директор, Оливер Кан е под силен притисок по последните резултати и одлуката за Нагесман, меѓутоа тој останува максимално посветен на работата при што директно ги обвини играчите за големиот пад во изминатиов период.

-Тухел е последната личност за која сега треба да разговараме. Тој прави се што може за да им помогне на момците да напредуваат. На теренот има 11 мажи кои треба да работат напорно за да ги постигнат целите на овој клуб. Она што тимот го покажа на теренот не е доволно .

-Одигравме катастрофално второ полувреме. Кој беше тимот што сака да стане шампион? Ќе биде многу тешко да се стане шампион со вакви настапи, -порача Кан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни