Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетките ќе играат во финалето на ЕХФ шампионатот во Клаипеда

Објавено

на

Македонската кадетска женска ракометна репрезентација избори пласман во големото финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда (Литванија).

Избраничките на Љубомир Савевски ја добија полуфиналната битка со селекцијата на Полска (25-22) и ќе играат за трофејот на овој турнир против Исланд. Ова беше средба која беше неизвесна, а пресудно се покажа второто полувреме кое нашите ракометарки го реализираа во своја полза со 13-10 што беше повеќе од доволно за да се изборат за триумф.

Лидер во ова славје беше крилото Ива Младеновски кое постигна 12 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни