Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите го заборавија поразот од Грција: Феноменалното издание против Полска им донесе полуфинале

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија до 19 години го наплати разочарувачкиот пораз од Грција со извонредно издание против Полска, кое сега им овозможи на младите ракометари да играат во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје.

Кирил Лазаров како селектор на младата селекција очигледно ги детектирал сите пропусти од првиот шокантен расплет против Грците, па денеска нашите ракометари излегоа со комплетно поинаков пристап, кој им овозможи да бидат во егал ситуација со силниот ривал во првото полувреме.

Во првите 30 минути, резултатот беше во голем дел израмнет и се играше гол за гол, но Македонија успеа да замине на пауза со минимална предност од 16:15.

Избраниците на Лазаров направија одлична серија на стартот на вториот дел и по пет минути игра имаа водство од 21:17, а во еден момент дојде и до плус шест на десетина минути пред крајот. Со победа од осум гола, Македонија можеше да заврши и прва во групата, но тоа сепак ќе биде Полска која се избори за подостоен пораз од 30:25.

Нашиот тим како второпласиран ќе игра во полуфиналето, а противникот ќе биде познат подоцна во текот на денешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни