Поврзете се со нас

Италија

Јувентус со доминација во вториот дел го скрши отпорот на Лече (Видео)

Објавено

на

Јувентус мораше да чека до второто полувреме, но го скрши отпорот на Лече и на крајот стигна до убедлива победа со резултат 4:0, во натпревар од италијанската Серија А.

Првото полувреме донесе неколку опасни закани од Лече, додека Јувентус првите вистински шанси ги имаше во завршницата кога домаќините преку Роналдо и Бернардески не реализираа чисти зицери.

Сепак, позитивно за „бјанконерите“ беше црвениот картон кој го заработи Лучини, а таа предност беше валоризирана во вториот дел кога Дибала со уште еден убав погодок го отвори резултатот во 53. минута.

Речиси десет минути подоцна, Роналдо изнуди и реализираше пенал, а ако постоеше неизвесност, таа беше елиминирана откако Португалецот испрати втора асистенција вечерва, а нововлезениот Игуаин зголеми на 3:0.

Последниот гол беше дело на Де Лихт, со што Јувентус ја заокружи убедливата победа со 4:0, додека Лече ќе мора да се концентрира на следните натпревари, кои ќе одлучуваат за опстанокот на оваа екипа во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни