Поврзете се со нас

Италија

Јувентус направи интересен избор за тренерските места во У-23 и Примавера тимовите

Објавено

на

Без разлика што по подолго време Јувентус ја заврши претходната сезона без трофеј, ова лето нема шпекулации за тренерска смена и сигурно е дека Макс Алегри ќе го води првиот тим и наредната сезона.

„Бјанконерите“ сепак направија промени во две други екипи, онаму каде играат најголемите надежи, а тоа се У-23 тимот кој се натпреварува во Серија Ц, односно Примавера екипата.

Во Примавера првенството на Италија, екипата на Јувентус ќе биде предводена од Паоло Монтеро, Уругваецот кој се враќа во клубот од Торино каде имаше успешни настапи меѓу 1996 и 2005 година.

Третолигашот Јувентус У-23 пак ќе биде предводен од Масимо Брамбилја, кој доаѓа од Аталанта.

Брамбилја се истакна со својот скаутинг и водење на Примавера тимот на Аталанта изминатите седум години, а очигледно не можел да ја одбие понудата од Торино, со која ќе се натпреварува во повисок ранг и ќе напредува дополнително во својата тренерска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни