Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го идентификуваше и казни навивачот кој расистички го навредувал голманот на Милан

Објавено

на

Јувентус го исполни ветувањето дека ќе ги искористи безбедносните камери за да го идентификува навивачот кој испратил расистички навреди на сметка на голманот на Милан, Мик Мањан.

Гостинскиот фудбалер се пожали на непријатната ситуација по завршувањето на италијанското дерби, праќајќи специјална порака преку социјалните мрежи.

Мањан и тогаш побара пожестока реакција за ваквите испади, а Јувентус денеска потврдил дека го знае идентитетот на навивачот и тој ќе одговара за постапките пред надлежните органи.

На навивачот ќе му биде забранет влез на стадионот на Јувентус, а е исфрлен и од локалниот фан клуб на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни