Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ по ремито со Лацио: Игравме како кукавици

Објавено

на

Торино вчера можеше да го победи Лацио, испушти шанса да го зголеми водството, а на крајот гостите добија пенал и извлекоа бод од ова гостување.

Иако и ремито е повеќе од солиден резултат за екипата која минатата сезона се бореше за опстанок, тренерот Иван Јуриќ не е задоволен од пристапот на неговите фудбалери.

– Ова беше тежок натпревар, доминиравме, но на крајот одигравме како кукавици.

– Можевме да постигнеме повеќе голови, па губењето на двата бода ме налути многу.

– Играта генерално е добра, но можеме да се подобруваме и натаму, сепак ова е екипа која примила 140 голови последните две сезони, – изјавил хрватскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни