Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ во специфичен амбиент стави потпис на рекордниот договор со Денвер

Објавено

на

Веќе беше најавено дека Никола Јокиќ ќе го продолжи договорот со Денвер Нагетс, а со сумата предвидена за него е поставен и нов НБА рекорд.

Српскиот центар ќе добие рекордни 270 милиони американски долари за наредните пет сезони, со што Денвер максимално го награди двократниот МВП на лигата.

Денеска договорот и официјално е потпишан, нешто што го објави агентот Мишко Ражнатовиќ, а вниманието на јавноста го привлече амбиентот и облеката на Јокиќ.

Овој историски договор Јокиќ го потпишал во својот дом, облечен во специфичен спортски стил и со црвено капче на главата, нешто на што американската јавност сигурно не е навикната.

Јокиќ заслужено ќе го одработува новиот договор од сезоната 2023/24, а најмногу би заработил од последната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни