Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ откри што јаде за доручек и ги шокираше Американците: Тоа се пет илјади калории (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ има малку слободно време по крајот на регуларниот дел од сезоната, а во последното интервју кое го направил за американски „Хотелс“, зборувал за услугата која може да ја добиете во најлуксузините хотели во САД.

Како голем љубител на храната, Јокиќ открива дека две најважни работи за него во било кој хотел се добрата кујна и погледот, но додека објаснуваше како изгледа неговиот доручек, поприлично ги шокираше Американците.

– Кајгана од пет јајца, со тоа оди и сланина, шунка и спанаќ. Не смее да биде течно, но не смее да биде и прермногу суво.

– После тоа оди овесна каша со ореви, бадеми, боровинки и мед. За крај шејк во кој има банана, шумско овошје и малку сок од јаболка. Тоа се околу 5 илјади калории за доручек, – вели Јокиќ.

Инаку, Србинот на стартот на својата авантура во Америка најчесто не внимаваше со исхраната и голем проблем му претставуваа газираните пијалоци, но откако го реши тоа, Јокиќ прерасна во МВП материјал во изминатите четири изминати сезони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни