Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ на посебен начин се смири со сопственикот на Феникс, па порача: Се надевав дека ќе ја плати мојата казна (ВИДЕО)

Објавено

на

Денвер Нагетс го победи Феникс Санс со 118-102 и со тоа одново поведе во оваа серија (3-2) која се игра до четири добиени, односно сега е на само една победа од финале на Западот.

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер, „брејк“ на Филаделфија во Бостон (ВИДЕО)

Повторно во фокусот беше Никола Јокиќ кој беше автор на трипл-дабл учинок од 29 поени, 13 скока и 12 асистенции. Центарот беше расположен од самиот старт, поточно пред почетокот на средбата каде имаше и помирување со сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија со кого се закачи на претходниот дуел, потег за кој заработи казна од 25.000 долари.

Јокиќ со лакт го оттурна газдата на Феникс, му се заканува суспензија (ВИДЕО)

Јокиќ ја дозна казната за инцидентот со сопственикот на Феникс

Никола во свој стил му додаде топка на Мет и се поздрави со него што е јасна порака дека се е заборавено, се е во ред.

Популарниот Џокер се пошегува и по крајот на дуелот каде на крајот порача дека се надевал дека Ишбија ќе ја плати и неговата казна.

-Се надевав ќе ја плати мојата казна, ама не, -истакна асот на Нагетс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни