Поврзете се со нас

Евролига

Јасикевичиус за најжешкото дерби во Европа: Ништо не се споредува со тие натпревари

Објавено

на

foto:twitter.com/FBBasketbol

Тренерот на кошаркарскиот тим Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус реализирал интервју за шпанската телевизија „Мовистар“, а во него зборувал и за атмосферата на евролигашките натпревари.

Од литванскиот стручњак било побарано мислење за тоа кое дерби предизвикува најголемо внимание, но и најжешка атмосфера, а тој се одлучил за грчката пресметка меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.

– Мислам дека ништо не може да се спореди со тоа што се случува на дуелите на Олимпијакос и Панатинаикос.

– Заедно со српското дерби ова се двата најголеми натпревари во Европа, но според мене ништо не може да се спореди со грчкото дерби.

– Имав грчки соиграчи во Барселона и тие беа разочарани од тоа што се случуваше на „Ел Класико“. Очигледно на целата работа влијае и полицијата, овде во Шпанија таа има поголема контрола. Во Грција е поинаку, во Србија е вистинска војна, во овие две земји е слично бидејќи и луѓето имаат сличен менталитет, – вели тренерот на Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни