АТП
Иванишевиќ ја сподели објавата на Ѓоковиќ и на едноставен начин му одговори на Србинот (Фото)
Горан Иванишевиќ цели пет години беше дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, но денеска пристигна официјална информација дека успешната соработка била обострано прекината пред сезоната која следи на земјена подлога.
Светскиот рекет број еден ја информираше јавнсота дека се разделил со својот тренер и со избрани зборови му се обрати на Горан, па иако и самиот нагласи дека имале подеми и падови, дефинитивно најмногу ќе се паметат успесите кои ги постигнаа заедно.
Иванишевиќ му помогна на Ноле да освои уште девет грен слем титули и директно влијаеше врз уривањето на апсолутниот рекорд, но лошиот старт на 2024-та година сепак резултираше со прекин на соработката.
Незаборавната епизода секако остава голема трага кај двете тениски легенди, а Иванишевиќ кој засега не излезе со официјално соопштение, на едноставен начин реши да му се заблагодари на Новак.
Иванишевиќ ја сподели емотивната објава на Србинот и ја збогати со два емотикони, односно срце и споени раце во знак на голема благодарност за времето кое го минаа заедно.
-
НБАпред 24 часа
Јокиќ го исфрустрира ЛеБрон во еден дуел, изразот на лицето на Џејмс стана вирален (Видео)
-
НБАпред 19 часа
Перкинс: Леброн никогаш повеќе нема да освои титула…
-
Лига на шампионипред 18 часа
Признание за најдобрата македонска судијка: Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Ѓулер стрелаше, Реал го освои Сан Себастијан (ВИДЕО)
-
Балканпред 17 часа
Барди: Во еден период бев подобар од Меси…
-
Германијапред 17 часа
Баерн подготвува терен за новиот тренер: Ќе имаме одлука за една недела
-
Англијапред 20 часа
Клоп за најавениот наследник во Ливерпул: Се што слушам за него…
-
Боречки спортовипред 15 часа
Илиоски го реши Дузенли и стана светски кикбокс шампион во ВАКО ПРО