Поврзете се со нас

АТП

Италијанецот кој го изнамачи Новак на Ролан Гарос: Мислев дека Ѓоковиќ е бесмртен, но…..

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ остана на едно скалило од испишување тениска историја и израмнување на учинокот на Род Лејвер од 1969-та година, бидејќи во големото финале во Њујорк, не успеа да ги комплетира сите четири големи титули во една календарска година.

Во Опен ерата, тоа го има остварено само легендарниот Род Лејвер, а иако сите предвидуваа дека српскиот тенисер има се на своја страна за да стане само вториот во историјата и прв во модерната ера на тенисот, светскиот број еден потклекна во големото финале на Ју-Ес Опен.

Откако ги освои титулите на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон и во ситуација кога дојде до финалето на Ју-Ес Опен со учинок од 27 победи на 27 меча на грен слем турнирите, Новак загуби од Данил Медведев на завршниот меч и остана без посакуваниот успех.

– Мислев дека Новак е бесмртен, но сите видовме дека притисокот може да урне и најголем шампион како што е тој. Морам да признаам дека не го гледав цело финале бидејќи задремав, но гледав добар дел од него и забележав дека Новак е нависитна многу напнат, – вели Лоренцо Музети, тенисерот кој го изнамачи Србинот во четвртата рунда на Ролан Гарос оваа година (Ноле победи 3:2).

– Кога станав, ми беше многу жал што не победил, бидејќи навивав за него. Апсолутно заслужи да дојде до календарски слем, иако мора да се кажа дека Медведев одигра извонреден турнир. Сепак, јас бев за Ноле, тој е посебна личност. Секогаш е фин со сите и заслужи голем успех, – додава 19-годишниот талентиран тенисер од Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни