Поврзете се со нас

Одбојка

Италија и Полска ќе се борат за златото на одбојкарското ЕП

Објавено

на

Фото: CEV.LU

Италија и Полска ги оправдаа фаворитските улоги на денешните полуфинални средби на Европското одбојкарско првенство и ќе бидат дел од завршниот натпревар во Рим.

Полјаците први си обезбедија место во финалето, совладувајќи ја Словенија со 3:1 во сетови, во меч во кој противникот поведе, но подоцна се соочи со расположен противник.

Словенците го добија првиот со 25:23, но Полска подоцна ги доби наредните три сета со 25:21, 25:20 и 25:21 за најмалку второ место на континенталното натпреварување.

Италија пред своите фанови немаше многу проблеми со Франција и без загубен сет го доби второто полуфинале, потврдувајќи дека во финалето ќе се сретнат селекциите против кои играше и нашата репрезентација во текот на ова ЕП.

25:21, 25:19 и 25: е резултатот по сетови во корист на „азурите“, со што репрезентацијата која ја елиминираше Македонија во осминафиналето, заслужено ќе се соочи со Полска во големото финале.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни