Поврзете се со нас

Европски првенства

Исланд ја остави Хрватска без шанса за полуфинале, „магионичарот“ Рикардсон го повтори најдобриот потег на ЕП(Видео)

Објавено

на

Хрватска веќе некое време не е ракометна велесила како до пред неколку години, а тоа се потврди и на овогодинешното Европско првенство кое се игра во Германија.

Иако турнирот беше отворен на најспектакуларен можен начин со високата победа над Шпанија, слабостите во тимот на Перковац доаѓаа до израз како што одминуваа натперварите и како што се редеа посилни ривали, па така денеска „коцкестите“ го претрпеа и третиот пораз во втората фаза.

Со овој неуспех, Хрватска остана и без математички шанси за пласман во полуфиналето на шампионатот, додека Исланд со победата од 35:30 ги задржи своите шанси за разигрување за 5-то у 6-то место.

Хрватите беа подобри во првиот дел и заслужено заминаа на пауза со предност од два гола (18:16), но во клучниот период повторно не можеа да го искоренат најголемиот проблем од натпреварите со Унгарија и Франција.

Техничките грешки беа кобни за момците на Перковац и серијата од 6:0 на Исланд во вториот дел се покажа како клучна за пресвртот, а победата за островјаните на крајот беше изразена со резултат 35:30.

Од овој меч за одбележување е уште една бравура на Тор Рикардсон, кој реши да ја повтори својата магија од пред неколку дена, овојпат со удар од левото крило…..

Ракометна магија за ТВ шпици: Рикардсон го постигна најубавиот гол на ЕП (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни