Поврзете се со нас

АТП

Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат иако не го познавам добро

Објавено

на

foto: twitter.com/nypost

Членот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг даде интересна изјава поврзана со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со кого имаа слични ставови во блиското минато.

Двајцата за време на ковид кризата одбија да се вакцинираат и за тоа трпеа последици, не можеа да настапат на натпревари, турнир, загубија и спонзори, меѓутоа ова и некако ги зближи, поточно ги поврза.

-Не го познавам Ѓоковиќ толку добро, но знам дека тој ми даде поддршка и јас му испратив поддршка од далеку. Се соочувме со слични ситуации каде темата или разговорот била телесна автономија, каде што имате можност да го направите она што сметате дека е најдобро за вас.

-Се чувствувам како да ми е брат на овој свет, мој брат во ваква неволја. Тоа треба да го почитуваш како мислење, треба да почитуваш некој што сам бира, затоа го поддржувам Ѓоковиќ, тој донесе одлука и тие што го поддржуваат се тука, како мене, а тие што не го поддржуваат не се важни, -порачал Кајри за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни