Поврзете се со нас

Италија

Интер во јануари ќе се откаже од еден фудбалер со голема плата

Објавено

на

Интер заработи многу пари од трансферите на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, но раководството и натаму мора да внимава на финансиската ситуација која не е на посакуваното ниво.

Според италијанските медиуми, веќе во јануари Интер ќе се обиде да се раздели со Алексис Санчес, кој не само што не е во прв план кај тренерот Инѕаги, туку има и голема плата.

Годишната плата од 7 милиони евра е сериозен товар на клупскиот буџет на Интер, па Бепе Марота и неговите соработници ќе се обидат да договорат трансфер за Чилеанецот. Она што треба да го олесни процесот е што Интер нема да бара отштета за неговото заминување.

Санчес има договор со италијанскиот првак до 2023 година, но на неговата мала минутажа влијаат и повредите, вклучувајќи ја и таа поради која го пропушти почетокот на оваа сезона.

Чилеанскиот фудбалер и минатата сезона најчесто служеше за ротација и одморање на дуото Лукаку-Мартинез, па слична ситуација го очекува и оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни