Поврзете се со нас

Италија

Инсиње расположен, Наполи пресилен за Болоња (Видео)

Објавено

на

Наполи ја победи Болоња (3:1) во последниот натпревар во Серија А на денешната програма, а инспиратор на триумфот беше капитенот Лоренцо Инсиње.

Токму Инсиње го отвори резултатот уште во 8. минута, а наполи водеше минимално до 65. минута, кога на втора асистенција на Зјелински, гол постигна Осимен, за кого ова е прв погодок по враќањето од подолгата пауза.

Осум минути подоцна Соријано намали и ја врати Болоња во живот, но точка стави Инсиње, кој само три минути подоцна, во 76. минута, ги постави конечните 3:1.

Нашиот Елиф Елмас повторно влезе како резерва и тоа во 79. минута, менувајќи го токму капитенот Инсиње.

Со оваа победа, Наполи има 47 бодови или 12 помалку од лидерот Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни